Труење со храна во детско одмаралиште во Охрид

03.08.2023 18:04

Во детско одморалиште во Охрид пријавено труење со храна, информира директорот на Агенција за храна и ветеринарство Николче Бабовски. Уништена е повеќе од 200 килограми храна која не одговарала на одредбите на Законот за безбедност на храна. Месото и млечните производи се лесно расипливи, предупредува Бабовски. Тие мора внимателно да се чуваат и да се приготвуваат. Со Бабовски разговараше Александра Велинова.