Мајкрософт: Ова е таблетот што ќе го замени лап-топот

21.05.2014 11:43

Aмериканскиот технолошки гигант Мајкрософт, претстави поголема верзија на своите таблети од познатата серија „Surface“. Компанијата тврди дека полесните и потенки уреди можат целосно да ги заменат традиционалните лаптопи.

Мајкрософт го претстави новиот таблет со името „Surface Pro 3“ на настан во Њујорк. Како и на претходните модели од серијата, и овој уред ќе работи со чип од Intel.

Новиот „Surface Pro 3“ е тенок едвај 9,1 милиметри, тежи околу 800 грама и покрај тоа има голем 12-инчен екран со резолуција од 2560х1440 пиксели. Досегашниот модел располагаше со дисплеј со дијагонала од 10,6 инчи.

Таблет уредот кој според Мајкрософт е замена за секој лап-топ, ја користи четвртата генерација процесори Intel Core i7 со до 8 GB RAM и има доволно моќ да се користи за работа со тешки програми, а на презентацијата беше демонстрирана работа со софтверот за обработка на фотографии Photoshop.

Новиот таблет има и USB 3.0 порт, Bluetooth 4.0, microSD слот, Mini Display порт, Wi- Fi 802.11, 5 MP предна камера и уште една 5 MP задна камера, звучници, преден и заден микрофон. Според Мајкрософт батеријата е доволна за до 9 часа работа при користење на интернет.

„Surface Pro 3“ располага и со нов држач на задниот дел на обвивката, која има можност за поголем агол и повеќе комотна позиција за дополнителни режими на работа, особено погодни за употреба на електронско пенкало. Самото пенкало се продава одделно за 50 долари. Подобрената тастатура „Type Cover“, која според концернот е поудобна за пишување во скутот, ќе чини 130 долари.

Цените на овој таблет уред на американскиот пазар се движат од 799 долари до 1949 долари.