„Денови на занаетчиствто 2014“ во скопската чаршија
Старата скопска чаршија од четврток 22.05.2014 до сабота 25.05.2014 година, ќе биде домаќин на традиционалната градска манифестација „Денови на занаетчиството 2014“.

Љубителите на ракотворби и рачно изработени предмети ќе можат да споделат искуства со оние кои прават ракотворби но и да купат некоја рачна изработка.
Ракотворците ќе бидат распослани пред просториите на Занаетчиската комора Скопје, во Старата чаршија.
Скопје е покровител на оваа манифестација, а организатор е Занаетчиската комора Скопје.
Целта на манифестацијата „Денови на занаетчиството“ е негова но и на занаетчиите, односно нивните производи и услуги, да го доближи занаетчиството до младите луѓе, до граѓаните и до институциите, да поттикне континуирана кампања и промоција на занаетчиството.
