Здравствени придобивки од консумирање на вишни
Таа е едно од ретките овошни видови што содржи хормон мелатонин. Тоа е природен хормон кој го регулира спиењето..

Вишната е позната по своите лековити својства и антиоксидантно дејство. Овие својства се резултат на нејзиното богатство со витамини А, Ц, Е и фолна киселина, како и минерали калиум, магнезиум, железо. Таа е едно од ретките овошни видови што содржи хормон мелатонин. Тоа е природен хормон кој го регулира спиењето.
Изобилува со лековити особини. Силните анти-воспалителни својства ја прават вишната корисна за намалување на болки при гихт.
Го поддржува варењето на храната и ја подобрува работата на органите за варење.
За здрав вид изберете вишни, бидејќи тие благотворно делуваат на клетките на окото.
Вишната ги намалува воспалителните процеси во организмот и ги ублажува проблемите на воспалителните ревматски заболувања.
Ги зајакнува крвните садови, особено капиларите. Исто така помага при воспаление на уринарниот тракт.