Јужна Африка

Жртви во пожар во висококатница во Јоханесбург

31.08.2023 09:34

Најмалку 58 лица загинаа во пожар на повеќекатница во Јоханесбург, најголемиот град во јужна Африка...

Најмалку 58 лица загинаа во пожар на повеќекатница во Јоханесбург, најголемиот град во јужна Африка. Над 40 лица биле повредени во пожарот што избувна во претпладневните часови. Бројот на жртвите може да расте.

Зградата била „неформална населба“ каде што бездомниците се преселиле барајќи сместување без официјални договори за закуп.