Хамилтон уште две години во Мерцедес

01.09.2023 10:51

Финансиските детали од договорот не се објавени, а според медиумските извештаи Хамилтон би требало да заработува околу 50 милиони фунти годишно.

Седумкратниот светски првак во Формула 1, 38-годишниот Британец Луис Хамилтон и следните две сезони ќе вози во болидот на Мерцедес, објави денеска екипата.

Финансиските детали од договорот не се објавени, а според медиумските извештаи Хамилтон би требало да заработува околу 50 милиони фунти годишно.

Хамилтон дојде во Мерцедес во 2013 година од Мекларен и во новата екипа стана најуспешен возач на сите времиња.

Зад воланот на Мерцедес освои шест од седумте светски титули и забележа 82 од рекордните 103 победи во кариерата.

Меѓутоа, Хамилтон е без победа од 2021 година кога неговата и доминацијата на Мерцедес ја прекинаа Ред Бул и актуелниот светски првак Макс Верстапен.

 

Извор: МИА