Ракомет

Вардар го освои Супер купот на Македонија

07.09.2023 09:37

Вардар славеше со 30-26 против Пелистер во Супер купот на Македонија. Натпреварот вардарци го добија со подобра игра во второто полувреме...

Вардар славеше со 30-26 против Пелистер и го освоија Супер купот на Македонија. Натпреварот вардарци го добија со подобра игра во второто полувреме.

На пауза се замина со 13:13, а веднаш на почетокот на вториот дел скопскиот тим поведе со 16:14 и тоа водство не го испушти до крајот.

Најефикасен кај Варадар беше Срдановиќ со осум гола, Мартин Томовски собра седум одбрани.

Во редовите на Еурофарм Пелистер Радивојевиќ постигна седум гола.

 

 

 

 

 

 

 

Фото: / Facebook / РФМ