Свет
Референдум во Австралија на 14-ти октомври
11.09.2023 09:10
Референдумот ќе внесе механизам за домородните луѓе да го советуваат Парламентот за политиките што влијаат на нивните животи...

Австралиските гласачи од понеделник може да аплицираат за поштенски ливчиња на референдумот на 14-ти октомври за таканаречениот домороден глас до Парламентот.
„Го објавив за да ги известам луѓето. Референдумот ќе се одржи на 14-ти октомври и Австралијците ќе можат да го одредат својот став за тој датум“, изјави премиерот Ентони Албанес.
Референдумот ќе внесе механизам за домородните луѓе да го советуваат Парламентот за политиките што влијаат на нивните животи, познати како глас.
