Свет
Хаваи: Еруптира вулканот Килауеа по два месеца мирување
11.09.2023 09:26
Лавата е на безбедно растојание од луѓето и од националниот парк на големиот остров.

Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот, почна да еруптира во неделата по двомесечна пауза. Лавата е на безбедно растојание од луѓето и од националниот парк на големиот остров.
Килауеа еруптираше во јуни неколку недели, исфрлајќи вжештена лава, а луѓето се собраа во националниот парк на Големиот остров за да ја гледаат ерупцијата.
