Украина
Русија распореди ракетни системи „Искандер“
11.09.2023 10:16
Русија распореди 46 ракетни системи „Искандер“ долж украинската граница...

Русија распореди 46 ракетни системи „Искандер“ долж украинската граница. Тие можат да стрелаат крстосувачки и балистички ракети врз украинската цивилна инфраструктура.
Претходно украинската војска објави дека Русија го нападнала Криви Рих со ракетниот систем Искандер.
Украинскиот претседател Зеленски, пак соопшти дека украинската војска постигнала напредок на јужниот фронт и кон градот Бахмут.
