Тиквеш со победа над Пелистер
Ракометарите на Тиквеш имаа победнички старт на новата суперлигашка сезона, откако на домашен терен славеа против незгодниот тим на Еурофарм Пелистер 2 со 28-26...

Ракометарите на Тиквеш имаа победнички старт на новата суперлигашка сезона, откако на домашен терен славеа против незгодниот тим на Еурофарм Пелистер 2 со 28-26. Иако гостите парираа во поголем дел од мечот, кавадарчани имаа контрола на резултатот и на крајот заслужено ги освоија првите бодови сезонава.
На стартот на мечот се играше гол за гол до 5-5, пред кавадарчани водени од публиката во „Јасмин“, навивачите „Лозари“ и по неколку интервенции на голманот Гемаљевиќ поведоа со плус два, 7-5.
Во победничкиот тим се истакнаа Мирко Мајиќ со седум гола, Ани Обина со пет, додека по четири пати стрелаа Страхиња Симиќ и Евгениј Темелкоски. Голманот Јанко Гемаљевиќ имаше 10 одбрани. Кај Еурофарм Пелистер 2 по четири гола дадоа Иван Димитровски, Ненад Белистојаноски и Мартин Ивановски.