Ракомет

Вардар 1961 славеше против РК Бутел

14.09.2023 11:08

Ракометниот клуб Вардар 1961 на стартот од новата сезона во најсилното македонско првенство во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје со резултат 24:21 славеше против РК Бутел...

Ракометниот клуб Вардар 1961 на стартот од новата сезона во најсилното македонско првенство во СЦ „Јане Сандански“ – Скопје со резултат 24:21 славеше против РК Бутел.

После првите 30 минути скопските „црвено-црни“ имаат предност од два голови разлика (10:8). Во вториот дел играчите на Владо Недановски ја зголемуваа позитивата која достигна и „плус седум“ (16:9).

За четири дена Вардар ќе го игра дербито во домашната Супер лига против Еурофарм Пелистер, додека на 23 септември Бутел му гостува на Мулти Есенс.