Македонските фудбалери против Ерменија на 17-ти октомври во Струмица
Македонската репрезентација во досегашните 11 дуели против Ерменија има ефект од пет победи, три порази и исто толку нерешени.
Македонските фудбалери ќе ја пречекаат Ерменија на 17-ти октомври на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица со почеток во 15 часот, соопштуваат од Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и Фудбалската асоцијација на Ерменија (ФФА)
Македонската репрезентација во досегашните 11 дуели против Ерменија има ефект од пет победи, три порази и исто толку нерешени.
Последниот дуел против Ерменија го одигравме на 11-ти ноември 2021-ва година во квалификациите за СП 2022, кога избраниците на селекторот Благоја Милевски триумфираа со 5:0.
Пријателскиот натпревар против Ерменија ќе уследи по дуелот кој македонската репрезентација ќе го одигра на 14-ти октомври против Украина во Прага во рамки на квалификациите за ЕУРО2024.