ОНН

ОН: Светот се соочува со недостиг на храна

16.09.2023 09:48

Од Обединетите нации, пак, со предупредување светот се соочува со недостиг на храна, над 700 милиони жители немаат редовни оброци.

Глобалната глад денес е поголема отколку во 2015 година, се наведува во последниот извештај на ОН. На половина од крајниот рок поставен за исполнување на целите на Агендата за одржлив развој до 2030 година, има мало или никакво подобрување кај зацртаните цели поврзани со храната и земјоделството.

Околу 29,6 насто од светското население, или 2,4 милијарди луѓе, биле умерено или сериозно несигурни во снабдувањето со храна во 2022 година. Неисхранетоста е најлоша на глобалниот југ, а гладот најмногу расте во субсахарска Африка.