Европската комисија не го продолжи ограничувањето за увоз на четири видови украински производи
Европската комисија реши да не го продолжи ограничувањето на увозот на жито од Украина, Полска, Словачка и Унгарија воведуваат забрана. Европа е силна само кога договорите функционираат и се одржуваат ветувањата – дециден украинскиот претседател Зеленски.

Европската комисија реши да не го продолжи ограничувањето за увоз на четири видови украински земјоделски производи, но ја обврза Украина да воведе мерки за контрола на извозот. Полска, Словачка и Унгарија од денеска воведоа забрана за увоз на жито од Украина. Според претседателот Зеленски, Европа секогаш победува кога договорите функционираат и ветувањата се одржуваат.
„Имав телефонски разговор со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Рестриктивните мерки против нашиот земјоделски извоз од страна на Европската унија се откажани. Сега, важно е европското единство да функционира на билатерално ниво – со соседите. Европа секогаш победува кога договорите функционираат и се одржуваат ветувањата. Па, ако одлуките на соседите не се соседски, Украина ќе одговори цивилизирано“, рече Володимир Зеленски-претседател на Украина.
Зеленски в четврток ќе оствари средба со американскиот претседател Бајден, потврди Белата куќа.
