Сингапур
Карлос Саинц победник на Формула 1 во Сингапур
17.09.2023 17:26
Тимот на Ред Бул не успеа да победи за прв пат во сезоната 2023 во Формула 1 шампионатот...

Возачот на Ферари, Карлос Саинц е победник на денешната трка од Формула 1 шампионатот возена за Големата награда на Сингапур. Ова е втора победа за Шпанецот во неговата кариера.
Победничката серија на Ред Бул траеше од Големата награда на Абу Даби, што се одржа во ноември 2022 година. Тимот победи на 15 трки по ред – ова е рекорд во историјата на Формула 1. Тимот на Ред Бул не успеа да победи за прв пат во сезоната 2023 во Формула 1 шампионатот.