Црна Гора
Загинати во автобуска несреќа на патот Цетиње – Будва
19.09.2023 18:33
На патот Цетиње – Будва, во местото Обзовица автобус излетал од коловозот. Според првичните податоци, во автобусот имало меѓу 30 и 35 лица...

На патот Цетиње – Будва, во местото Обзовица автобус излетал од коловозот. Медиумите неофицијално објавуваат за повеќемина загинати. Има и повеќе повредени, но засега не е познато колку.
Повредените биле транспортирани во Цетиње и Подгорица. Според првичните податоци, во автобусот имало меѓу 30 и 35 лица.