Наум Танески нов селектор на кадетската ракометна репрезентација
Танески и Бочкаровски ќе ја водат новата генерација на кадети, која ќе се обиде да тргне по стапките на претходната генерација на Стојановиќ и Ангеловски, кои пак ги чека настап на младинското ЕП 2024 во Словенија.
Актуелниот тренер на Струга, Наум Танески, е нов селектор на кадетската репрезентација на Македонија, а негов помошник ќе биде Миле Бочкаровски, соопштија од Ракометната федерација.
Танески и Бочкаровски ќе ја водат новата генерација на кадети, која ќе се обиде да тргне по стапките на претходната генерација на Стојановиќ и Ангеловски, кои пак ги чека настап на младинското ЕП 2024 во Словенија.
Танески е поранешен ракометар на Струга, Југ и повеќе македонски и грчки клубови, а тренерската кариера ја гради со голем успех во неговиот матичен клуб.
Фото: РФМ