Макс Ферстапен со победа над Сузуки во Јапонија
Холанѓанецот Макс Ферстапен, двократниот светски првак во Формула 1, ја забележа својата 13-та победа сезонава...
Холанѓанецот Макс Ферстапен, двократниот светски првак во Формула 1, ја забележа својата 13-та победа сезонава, а 11-та на претходните 12 трки или вкупно 48-та во неговата кариера, која се возеше на патеката „Сузука“, во Јапонија. Ферстапен не ја освои титулата со оваа победа, меѓутоа донесе трофеј на Ред Бул во конкуренција на конструктори.
Така австрискиот тим трет пат по ред ја освојува титулата во оваа конкуренција. Во генералниот пласман Ферстапен има 400 бодови на врвот, додека неговиот тимски колега Перез има 223, а Хамилтон е трет со 190.
Следната трка се вози во Катар на 8. октомври, а интересно Холанѓанецот може да дојде до шампионската титула што би била трета по ред за него во Формула 1 шампионатот.