Барселона со победа над Порто
До трета победа во Лигата на шампионите, дојде Барселона откако на гостувањето кај Порто славеше убедливо со 38:30...

До трета победа во Лигата на шампионите, дојде Барселона откако на гостувањето кај Порто славеше убедливо со 38:30.
Домаќините во вториот дел не можеа да ја повторат играта од првите дваесетина минути и веќе во 40-та минута при водство на Барселона од 27:20 беше јасно дека Митревски и колегите нема да имаат шанси за камбек.
Тимот, во кој настапува голманот на Македонија, Никола Митревски, одигра одлично во првиот дел, во кој до 20-та минута им парираше на гостите и во неколку наврати имаше минимална предност.
Сепак, тимот на Карлос Ортега со големата ангажираност во последните десет минути од првото полувреме успеа да создаде солидна предност и на полувреме замина со плус четири, 19:15.
Митревски во дуелот со Барселона имаше седум интервенции, додека неговиот колега Диего Рема запиша четири одбранети удари.
Победничката екипа беше предводена од Луис Фраде со шест и Аитор Арињо и Јанц Блаж кои постигнаа по пет погодоци.