Украина

Зеленски: Прашање на време е кога ќе почнеме преговори

03.10.2023 09:59

Неформалниот состанок меѓу ЕУ и украинските дипломати ја покажа јасната посветеност на европското семејство кон Украина-истакна европскиот шеф на дипломатијата Борел...

Украинскиот претседател Зеленски повика на политичко единство и подготвеност на земјите-членки на ЕУ да го забрзаат пристапот на неговата земја во блокот.

„Украина дефинитивно ќе го исполни својот дел од работата, но многу е важно и од страна на унијата да постои слична подготвеност за политичка одлука за почеток на преговори“, изјави Володимир Зеленски - претседател на Украина.

Неформалниот состанок меѓу ЕУ и украинските дипломати ја покажа јасната посветеност на европското семејство кон Украина-истакна европскиот шеф на дипломатијата Борел. Од Белата куќа повторно ја истакнаа поддршката за Украина и ги повикаа републиканците да престанат да играат игри и да ја завршат задачата. Од Кремљ со став.

„САД ќе продолжат да бидат директно вклучени во конфликтот, но ние постојано укажувме-заморот од овој конфликт, од крајно апсурдното спонзорство на режимот во Киев ќе расте во различни земји, вклучително и во САД“, изјави Дмитри Песков - портпарол на претседателот Путин.

Во меѓувреме, финансиите на Русија делумно се влошуваат поради санкциите.