Кумановскиот Фестивал за млади во знак на хуманост за поплавените региони
Искрената желба за собирање на средства за помош на настраданите во поплавите во Србија и Босна, кумановчани многу креативно го реализираа, преку уличниот фестивал на отворено...

10-тина волонтери од повеќе европски држави кои престојуваат во Куманово, организираа уличен фестивал на кој изведоа различни анимации со цел да го привлечат вниманието на граѓаните и да испратат порака за солидарност и мир. Камила Фонфарах од Полска со маска на кловн во црно бели бои покажуваше емоции на среќа и тага, доловувајќи светлата и темна страна на животот.
„Костимот е оригинален го направив сама со цел да покажам нешто различно на Стритс фестивалот. Атмосферата беше одлична, граѓаните одлично реагираа, го свртевме нивното внимание, а тоа беше и нашата главна цел“, изјави Камила Фонафарах, волонтер од Полска.
При изведувањето на анимации присутни беа млади и дечиња од сите етнички заедници кои заедно со волонтерите пишуваа пораки, цртаа маски и танцуваа на плоштадот.
„Куманово е град со плаета од различни народи и затоа го прави специфичен и оригинален. Младите се свесни на ова и ги прифаќаат различностите, како што европските народи живеат сложно во едно заедништво. Верувам дека нашата работа ќе придонесе за поголемо зближување“, вели Симон Вавалоген, волонтер од Франција.
Годинешниот настан беше во знак на хуманост за поплавените балкански народи. Неговата организација беа вклучени младински организации како и волеонтери од Црвениоит крст.
„Овојпат сакавме да се претствиме на еден поинаков начин. Волонтерите беа креативни и со анимациите на кловнот, жонглирањето, цртањето на маски на лице навистина беа оригинални. Задоволни сме што во настанот се вклучија и голем број млади“, изјави Катерина Ѓорѓиевска координатор Стритс Фестивал Куманово.
Воедно група од неколку учесници сними видео на кое е прикажано Куманово како град на заедништво и соживот и истото ќе биде емитувано на социјалните мрежи и на YouТube каналот.
Габриела Димковиќ
