Регион
Вучиќ: Нема напредок кон намалување на тензиите меѓу Србија и Косово
05.10.2023 20:09
Претходно, косовската претседателка Вјоса Османи одби да се сретне со Вучиќ на разговорите на европско ниво, барајќи воведување санкции кон Белград.

Српскиот претседател Вучиќ вели дека нема напредок кон намалување на тензиите меѓу Србија и Косово. На европскиот политички самит во Шпанија тој истакна дека не разговарал со Приштина, ниту тие сакаат да разговараат.
Претходно, косовската претседателка Вјоса Османи одби да се сретне со Вучиќ на разговорите на европско ниво, барајќи воведување санкции кон Белград.
Последните дипломатски тензии следат по престрелката меѓу вооружените српски лица и косовските полицајци на 24-ти септември во Бањска.
