Украина

Продолжуваат нападите врз Харков

06.10.2023 08:58

Повторно погодена цивилна инфраструктура...

Нови руски напади врз Харков. Повторно погодена цивилна инфраструктура. Повредени се три лица – тврди гувернерот Синиехубов. Украинските власти ги идентификуваат телата на жртвите по вчерашните најсмртоносни напади во селско кафуле и продавница во кои загинаа 51 цивил. Реакции пристигнаа од Брисел и од САД.

„Генералниот секретар најостро го осудува нападот во областа Купијанск во регионот Харков во Украина. Нападите против цивили и цивилна инфраструктура се забранети според меѓународното хуманитарно право и тие мора веднаш да престанат“, изјави Стефан Дужарик, портпарол на генералниот секретар на Обединетите Нации.

„Мора да продолжиме да го поддржуваме народот на Украина. Наскоро ќе испратиме уште еден пакет помош која вклучува оружје и опрема. Ќе продолжиме да го правиме тоа за да ги задоволиме потребите на бојното поле“, изјави Карин Жан-Пјер, портпарол на Белата куќа.