САД

Состанок на Републиканците за избор на спикер

06.10.2023 09:54

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен привремено да ја преземе функцијата претседател на Претставничкиот дом...

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп, изјави дека е подготвен привремено да ја преземе функцијата претседател на Претставничкиот дом доколку Републиканската партија не може да се договори за друг кандидат. Ова не го правам затоа што сакам.

Ќе го направам ако треба, ако тие не можат да донесат одлука-изјави Трамп. Републиканците се собираат зад затворени врати за избор на кандидат по соборувањето на пратеникот Кевин Мекарти. Ќе мора да најдат начин да го обединат своето уништено мнозинство, пред домот да почне повторно да работи.

Утре се очекува гласање.