Сирија
ООН повика на итен прекин на насилството во Сирија
06.10.2023 09:55
Сириската армија ги обвини терористичките организации за нападот со дронови, но досега никој не презеде одговорност...

Специјалниот пратеник на ОН за Сирија Геир Педерсен повика на итен прекин на насилството во земјата, по нападот врз воената академија во градот Хомс за време на церемонијата на унапредување на офицери во кој загинаа повеќе од 110 луѓе, а најмалку 120 беа ранети. Сириската армија ги обвини терористичките организации за нападот со дронови, но досега никој не презеде одговорност. Како одговор владините сили возвратија со бомбардирање на областа Идлиб-последното упориште на бунтовниците во земјата.
Осум лица загинаа, а 30 се повредени. Од почетокот на 2011 година повеќе од половина милион луѓе загинаа во конфликтот во Сирија.
