Косово

Вјоса Османи ја обвини Србија за обид за анексија на северот на Косово

06.10.2023 09:55

Косовската претседателка Вјоса Османи ја обвини Србија за обид за анексија на северот на Косово по примерот на Крим. Говорејќи на маргините на форумот на европската политичка заедница во Гранада...

Косовската претседателка Вјоса Османи ја обвини Србија за обид за анексија на северот на Косово по примерот на Крим. Говорејќи на маргините на форумот на европската политичка заедница во Гранада, Османи ги оцени постапките на српските власти како да излегле, како што рече, директно од игротеката на Путин од 2014 година.

„Дури и речиси 25 години по војната, во Србија постои истиот начин на размислување, а тоа е да се грабаат територии на други. и тоа покажува дека без разлика на дијалогот во Брисел, нивната намера е употреба на сила, што е токму она што го направија на 24 септември“, Вјоса Османи - претседател на Косово.

Османи додаде дека нема потреба да се сретне со српскиот претседател Вучиќ додека не му бидат воведени санкции. Тензиите се зголемија по нападот во Бањска, еден од најлошите откако Косово прогласи независност од Србија во 2008 година.