Текстилијада во Штип во организација на „Гласен текстилец“
Во организација на невладината „Гласен текстилец“ во Штип се одржува традиционалната „Текстилијада“. На денешниот форум беа презентирани шведските искуства за подемот на текстилната индустрија...

Во организација на невладината „Гласен текстилец“ во Штип се одржува традиционалната „Текстилијада“. На денешниот форум беа презентирани шведските искуства за подемот на текстилната индустрија.
Само со дијалог може да се најдат решенија за текстилниот сектор кој се соочува со губење на странските партнери и со намалување на бројот на вработени. Шведските искуства за оваа стопанска гранка ги пренесе шведската амбасадорка која учествуваше на форумот во рамки на текстилијадата, која седма година се одржува во Штип
„Денешниот настан покажува дека бизнис заедницата, работниците и локалната власт сакаат силен текстилен сектор, со квалитетни и иновативни продукти кои ќе привлечат нови инвестиции и ќе бидат препознаени во глобалниот текстилен сектор“, изјави Ами Ларсон Јаин, амбасадорка на Шведска.
Успешните приказни од Шведска се драгоцено искуство за нас. Општина Штип прави напори за помош на бројните текстилни компании во градот.
Славица Величковска
