Македонските ракометари ќе одиграат четири контролни дуели со Грција

06.10.2023 17:10

Првите два контролни дуели против Грција избраниците на Лазаров ќе ги одиграат на гостински терен на 3 и 4 ноември.

Сениорската репрезентација предводена од селекторот Кирил Лазаров ќе одигра во претстојните месеци четири пријателски натпревари против Грција, соопшти денеска Ракометната федерација на Македонија (РФМ).

Првите два контролни дуели против Грција избраниците на Лазаров ќе ги одиграат на гостински терен на 3 и 4 ноември.

Во рамки на завршните подготовки пред учеството на Европското првенство 2024 во Германија, македонските ракометари ќе одиграат уште два контролни натпревари против грчката селекција на 4 и 5 јануари во Скопје.

Ракометарите на ЕУРО2024 ќе играат во група со домаќинот Германија, Франција и Швајцарија.

 

Фото: РФМ