Лука Бигаци- годинешен добитник на „Златна камера 300“ на Браќа Манаки
Изданието на фестивалот ќе мине под мотото „Пат кон ѕвездите“, а ќе се одржи од 13-ти до 19-ти септември...

Лука Бегаци, светски познатиот директор на филмска фотографија, е добитник на годинашната специјална награда „Златна камера 300“ на меѓународниот филсмки фестивал Браќа Манаки.
Изданието на фестивалот ќе мине под мотото „Пат кон ѕвездите“, а ќе се одржи од 13-ти до 19-ти септември.
„Лука Бигаци е добитник кој е достоен на годинашниот јубилеј. Трите децении кариера го прават водечки светски кинематографер. За нас е особено важно што „Браќа Манаки“ на своевиден начин беше меѓу првите фестивали што го откри талентот на Бигаци, уште во далечната 1997 година, со неговиот прв филм во официјалната програма на 18-тото издание. Оттогаш неговите филмови впишаа сè на сè пет учества и понесоа две од наградите во Битола. Третиот пат конечно доаѓа лично да си ја земе големата специјална Златна камера 300 на браќата Манаки“, рече Лабина Митевска, директорка на ИФФК.
Последен проект на Бигаци, „Големата убавина“ (La grande bellezza), го освои Оскарот во категоријата најдобар филм од неанглиско јазично подрачје, а победи во истоимената категорија на наградата БАФТА и на Златниот глобус.
