ЕУ

ЕУ ги продолжи санкциите кон Исламската држава и Ал Каеда за уште една година

23.10.2023 11:28

Во моментов со рестриктивните мерки се опфатени 14 поединци и 5 ентитети. Со мерките, на санкционираните им е замрзнат имотот во ЕУ, а на лица и субјекти од Унијата им е забрането да им ставаат на располагање средства, финансии или какви било други економски ресурси...

Советот за надворешни работи на ЕУ ги продолжи санкциите кон Исламска држава и Ал Каеда, како и кон физички и правни лица, организации, компании и субјекти поврзани со нив.

Во моментов со рестриктивните мерки се опфатени 14 поединци и 5 ентитети. Со мерките, на санкционираните им е замрзнат имотот во ЕУ, а на лица и субјекти од Унијата им е забрането да им ставаат на располагање средства, финансии или какви било други економски ресурси.

На физичките лица им е забранет влез на територијата на Унијата.