ИЗВЕСТУВАЊЕ
Агенцијата за супервизија на осигурување ги известува кандидатите на кои им е одобрено барањето за полагање на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето, дека првиот дел – теоретски дел од стручните испити ќе се одржи на ден 09.11.2023 година во период од 13:30 до 15:30 часот. Вториот дел – практичен пример од стручните испити ќе се одржи на ден 16.11.2023 година во период од 13:30 до 15:30 часот.
Стручните испити ќе се одржат во Испитниот центар кој се наоѓа на следната локација:
Европски Универзитет, бул. Свети Климент Охридски бр. 68, Скопје
Подетални информации во врска со одржувањето на стручниот испит за вршење на работи на застапување во осигурувањето можете да добиете на web страната на Агенцијата за супервизија на осигурување www.aso.mk или на телефонскиот број 02 3254 050