„Епл“ - нов сопственик на „Битс“ на Др. Дре

29.05.2014 11:12

Зделката е вредна 3 милијарди долари...

Американскиот технолошки гигант „Епл“за три милијарди долари ја купи калифорниската компанија „Битс електроникс“.

„Битс електроникс“, меѓу другите свои производи е позната по стерео слушалките на раперот Др. Дре.

Информацијата за претстојниот договор во медиумите се појави пред неколку недели. Ова е најголемо преземање во 38-годишната историја на „Епл“.

Коосновачот на „Битс електроникс“, продуцентот Џими Ајовин и раперот Др. Дре ќе ги предводат клучните музички сектори на „Епл“.