Формула
Макс Ферстапен ја постигна рекордната 16-та победа
30.10.2023 11:42
Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Мексико и ја постигна рекордната 16 победа во сезоната...

Возачот на „Ред Бул“, Макс Ферстапен победи на трката во Формула 1 за Големата награда на Мексико и ја постигна рекордната 16 победа во сезоната.
Ферстапен одлично ја започна трката, на стартот го престигна Шарл Леклер од „Ферари“ кој беше на пол-позицијата и без поголеми проблеми ја оствари петтата победа во Мексико.
Трикратниот последователен светски шампион, Холанѓанецот Ферстапен ја постигна 51 победа во кариерата и така се израмни со легендарниот француски возач Алан Прост.