„Блу Ројал“- најголемиот син дијамант во светот продаден за речиси 44 милиони долари

08.11.2023 10:45

Живописниот син дијамант, познат како „Bleu Royal“ кој е поставен во прстен, е меѓу најретките што некогаш биле откриени. Со 17,6 карати, дијамантот имаше проценета вредност до 50 милиони долари пред продажбата.

Најголемиот син дијамант „Блу Ројал“ некогаш ставен на аукција продаден e за неверојатни 43,8 милиони долари на продажбата на редок накит на аукциската куќа „Кристи“ вчера во Женева.

Живописниот син дијамант, познат како „Bleu Royal“ кој е поставен во прстен, е меѓу најретките што некогаш биле откриени. Со 17,6 карати, дијамантот имаше проценета вредност до 50 милиони долари пред продажбата.

„Каменот заработи речиси 44 милиони долари“, рече Раул Кадакиа, меѓународен шеф за накит на „Кристи“.

Живописните сини дијаманти од повеќе од 10 карати се исклучително ретки. Од своето основање во 1766 година, „Кристи“ има продадено само три такви дијаманти, и тоа сите последниве 13 години: „Булгари блу“ беше продаден за 14,7 милиони евра во 2010, „Винстон блу“ за 22,2 милиони евра во 2014 и „Опенхајмер блу“ за 53,6 милиони долари во 2016 година.

Фото: Screenshot/ Reuters