Останати спортови

Блог вести

  • Шампионско скијање на Фенингер!

    Австријската скијачка Ана Фенингер го освои шестиот медал на Светските првенства, трет во Вејл по златото во супер-џи и среброто во спуст.

  • Ристевски најдобар Македонец во квалификациите!

    Никој од четворицата наши скијачи преку квалификациите не успеа да се пласира на утрешниот велеслалом на Светското првенство во американски Бивер Крик. Антонио Ристевски е најдобропласиран со 36-то време. Дваесетипетмина обезбедија директен пласман на главните трки.

  • Велеслаломски предизвик за македонските скијачи!

    Четворица македонски скијачи преку квалификациите ќе се обидат да бидат дел од утрешниот велеслалом на Светското првенство во американски Бивер крик.

  • Австрија пак со екипно злато

    Селекцијата на Австрија го одбрани златото од пред две години, триумфирајќи и во екипното натпреварување на Светското алпско скијачко Првенство во американски Бивер Крик. Во 12-те нокаут-трки во паралел-слалом Австријците забележаа осум победи.

  • Мазе брани, Фенингер напаѓа, Вон од позадина!

    Тина Мазе и Ана Фенингер. Засега тоа се хероините на Светското алпско скијачко првенство во Бивер Крик и во Веил. За очекување е нивната битка да продолжи на денешната суперкомбинација. Линдзи Вон останува главна надеж за прво мундијалско злато за Американците.

  • Хиршер шампион во суперкомбинација!

    Неверојатното скијање во слаломската трка, на Австриецот Марсел Хиршер му го донесе второто злато во кариерата на Светските првенства, по среброто во слалом пред две години.

  • Втора победа за Фанемел!

    Најдобрата сезона во досегашниот дел од кариерата на 23 - годишниот Норвежанец Андерс Фанемел. По триумфот во руски Јужни, Фанемел победи и на скокалницата во германски Нојштад.

  • Ѕвонат швајцарските ѕвонци

    Денеска во Бивер Крик слават Швајцарците. Му се радуваат на големиот успех  во машкиот спут! Златен медал на Патрик Кунг и бронзен на Бит Фојз е учинокот во најпрестижната дисциплина на алпското скијање.Сребрениот медал отиде на градите на Американецот Тревор Генонг.

  • Тина Мазе кралица на брзините

    Словенката Тина Мазе е победничка на специјалниот спуст на светското првенство во Бивер Крик. Таа имаше спектакуларно возење на патеката долга 2 и пол километри, многу брза, исполнета  со стапици и со теренски скокови.

  • Женскиот спуст, нов скијачки бисер

    Заокружена е првата од петте епизоди, кои ја сочинуваат големата светска скијачка претстава во Бивер Крик. Заврши „супер-џи“ пресметката исполнета со натпреварувачка драматика и излив на различни емоции.

Pages