Петер Нортуг го заокружи победничкиот настап во Тоблах. По вчерашниот успех на 10 километри класичен стил, 29 годишниот Норвежанец ја искористи малата предност и ја доби пурсуит трката на 25 километри слободен стил.
Останати спортови
Блог вести
-
Останати спортови 08.01.2015 14:19
-
Останати спортови 07.01.2015 19:13
Третата етапа на релито “Дакар“ со фатални последици за Херник
Полскиот мотоциклист Михал Херник е последната жртва на релито “Дакар“ кое годинава се вози во Јужна Америка.
-
Останати спортови 06.01.2015 22:33
Хиршер неприкосновен на Сљеме!
Слаломот на Сљеме како да е создаден за австрискиот скијач, Марсел Хиршер кој третпат по ред славеше на патеката над Загреб. За 25 – годишниот Хиршер ова е 15-ти слаломски триумф што претставува австријски рекорд во најтехничката дисциплина.
-
Останати спортови 06.01.2015 22:31
Победа за Хајбек, славата за Крафт!
Само се менуваат на највисокото место на победничкиот подиум, но Австријците никаго не го даваат трофејот на Новогодишната турнеја „Четири скокалници“.
-
Останати спортови 06.01.2015 22:28
Хиршер фантастичен, Ристевски без пласман
Австриецот Марсел Хиршер си поигра со конкурентите во првата трка од Светскиот куп во 2015-та година. На падините на Сљеме без вистинска конкуренција го доби четвртиот слалом во сезоната, избивајќи на водечката позиција во генерален пласман.
-
Останати спортови 04.01.2015 20:01
Шифрин е снежната кралица во Загреб
Американската тинејџерка, 19 годишната Микаела Шифрин е победничка на 5-от слалом во сезоната што се возеше на патеката Сљеме крај Загреб.
-
Останати спортови 04.01.2015 20:00
Фраитаг го прелета Инбрук
Со скокови од 133 и пол и 132 метра ,германскиот скокач Рикард Фраитаг победи на третата скокалница во рамките на новогодишната турнеја 4 скокалници.
-
Останати спортови 04.01.2015 19:58
Почна Рели Дакар
Илјадници километри расподелени во 13 етапи низ безпаќата во Аргентина,Чиле и Боливија се новиот предизвик за натпреварувачите во атрактивното,предизвикувачкото, но дефинитивно и најтешкото рели во светот Дакар 2015-та.
-
Останати спортови 04.01.2015 18:37
Шифрин останува кралица на Сљеме
Михаела Шифрин триумфално ја започна 2015-та година.Младата американска скијачка суверено ја доби првата годинешна трка во Светскиот куп во алпско скијање. Беше неприкосновена на патеката за слалом на падините на Сљеме со вкупно време од 1:56.66.
-
Останати спортови 01.01.2015 20:09
Јакобсен не го дава приматот во Гармиш!
63 години, 1-ви јануари има и спортски шмек, благодарение на Новогодишната турнеја „четири скокалници“.










