Спорт

  • Превц триумфално “долета“ на Планица за крај на најдоминантната сезона во историјата

    Петер Превц ја круниса сезоната со 15 рекордна победа на легендарната Планица, со што придонесе за огромна радост на цела Словенија . Победи со летови од 238 и 241,5 метри и притоа во финалната серија добри максимални оценки 20 од тројца судии, како потврда за неговиот речиси перфектен стил.

  • Кошарка 17.03.2016 19:55

    МКФ лојална на ФИБА

    Македонската кошаркарска федерација одлучи да биде лојална на ФИБА како нејзина матична асоцијација во војната со УЛЕБ.

  • Два рекорда на Петер Превц

    Нема светски рекорд на првото натпреварувањата на Планица, но словенечкиот скокач Петер Превц ги надмина постигнувањата на Австриецот Шлиренцауер од пред седум сезони.

  • Втори места и супер џ трофеи за Килде и Гут

    Со поделбата на второто место на завршниот супревелеслалом во швајцарски Сент Мориц со сонародникот Јансруд, некогашниот јуниорски светски првак Килде го освои првиот пехар во сениорската кариера и тоа малиот кристален глобус во супер џ.

  • Кошарка 17.03.2016 19:39

    50-та домашна победа на Голден Стејт

    Голден Стејт - Њујорк 121:85, 50-то домашна победа по ред на НБА шампионот зачинета со 34 поени на Кари, осум тројки од 13 обиди. На 15 меча да крајот на лигашкиот дел, Вориорс имаат 61 победа и 6 порази, рекордот на Чикаго од пред 20 години е 72-10.

  • Фудбал 17.03.2016 19:36

    Чудо во Минхен, уметност во Барселона

    70 минути Јувентус имаше и игра и контрола и 2:0 и четвртфинале на гостувањето во Минхен, но фудбалерите на Баерн се спасија, на затоа што немаше логика одлична дефанзивна екипа како старата дама да се повлече, туку затоашто беа германско упорни и среќни.

  • Фудбал 17.03.2016 19:34

    Пандев предводник во дуелите со Словенија и Бугарија

    По две ипол годишна пауза најдобриот македонски репрезентативен голгетер Горан Пандев по 76 пат ќе биде дел од нашата најдобра фудбалска целекција. Со Пандев кој досега постигна 26 погодоци, во репрезентацијата ќе се вратат и Јаховиќ, Костовски и Богатинов.

  • Фудбал 16.03.2016 17:15

    Атлетико и Манчестер Сити во четвртфиналето

    Реал Мадрид, Пари Сен Жермен, Манчестер Сити, Атлетико Мадрид, Бенфика, Волфсбург. Во четвртфиналното друштво од фудбалската Лига на шампионите има место за уште две екипи. Каков и да е расплетот на последните два дуела од осминафиналето, јасно е дека тоа ќе бидат гиганти на светскиот спорт.

  • Кошарка 16.03.2016 17:13

    Кожув вади полуфинална виза во Софија

    Во завршна фаза е и Балканската кошаркарска лига. Нашиот претставник Кожув денеска ќе игра во Софија против Левски, а со победа ќе го обезбеди полуфиналето.

  • Струмичани го потврдија шампионското реноме

    Во дербито од нашето одбојкарско првенство, Струмица ја совлада Шутова со 3-0, по сетови 25-20, 25-19 и 25-13. Актуелниот првак има 11 победи и еден пораз и ја презеде водечката позиција на табелата по 12-тото коло. Билансот на Шутова е 10-2.

Pages