Спорт

  • Кошарка 13.12.2014 23:20

    МЗТ Скопје на гостување кај шампионот!

    Повредите и напорниот распоред дополнително ја компликуваат ситуацијата на МЗТ Скопје. До крајот на годината, за неполни две недели, аеродромци ќе одиграат пет натпревари, четири во АБА конкуренцијата.

  • Ракомет 13.12.2014 23:19

    Победа на Вардар за второ место!

    Поради квалитетот, Вардар може да си дозволи да ги одмори најдобрите и повторно без проблеми да совлада екипа како што е Борац од Бања Лука.

  • Кошарка 13.12.2014 22:26

    Куманово привремен лидер!

    Куманово барем денеска ги надмина проблемите и ја совлада Струмица со 88:55 во 10-то коло од кошаркарската Прва лига коешто е последно во 2014-та и во првиот дел од сезоната. За убедливата победа најзаслужен е Урош Николиќ кој реализираше 27 поени и 19 скока.

  • Ракомет 13.12.2014 22:23

    Зомимак и натаму несовладлив!

    Зомимак М ја продолжува доминацијата ои стопроцентниот ефект во македонската ракометна Супер лига. Екипата од Струмица ја оствари и 13-та победа и тоа дома против Работнички со 36:30.

  • Ракомет 13.12.2014 17:16

    Борац мора да падне

    На крилјата на триумфот во дербито против Металург ракометарите на Вардар во позитивна атмосфера го очекуваат последниот натпревар дома оваа сезона против Борац во Сеха лигата.

  • Пиетила се потсети како е да се победува!

    Домашниот снег и патека во Оре им оговараа на шведските скијачки. По четири години, Марија Пиетила – Холмнер ја освари четвртата победа во кариерата во Светскиот куп, триумфирајќи на слаломот којшто беше замена за откажаниот во француски Куршевел.

  • Кошарка 13.12.2014 16:43

    Атланата не застанува!

    Македонецот во најсилната кошаркарска конкуренција, Перо Антиќ поради грип го пропушти дуелот со Орландо, но Атланта продолжи да победува во НБА лигата. За деветти триумф по ред, Хоукс славеа со 87:81, благодарение најмногу на Милсап кој постигна 23 поени.

  • Ракомет 12.12.2014 14:10

    Ќе беше спектакл

    Ќе беше спектакл за крај на годината, македонскиот против унгарскиот шампион, два моќни тима во ракометна Европа, веројатно и во битка за врвот на табелата во регионалното натпреварување.

  • Пет преноси на МРТ!

    Регионалната ракометна програма ќе биде двојна. Вардар е во позиција да се врати на второто место бидејќи е апсолутен фаворит во  натпреварот со Борац.

  • Кошарка 12.12.2014 10:00

    Се разигра тандемот на Оклахома!

    Расел Вестбрук и Кевин Дурент се опоравија, па по лошиот старт Оклахома влезе во серија триумфи. По само трите победи во стартните 15 натпревари, Тандерс славеа на шест од последните седум дуели.

Pages