Спорт

  • Фудбал 19.04.2014 23:02

    Фаворитите победнички, дербито одложено

    Нецелосна беше 28-та етапа од фудбалското првенство на Македонија. Лошата состојба на теренот на Железарница предизвикана од дождот, го оневозможи  одигрувањето на дербито меѓу Металург и Вардар. Според пропозициите натпреварот ќе мора да се игра во следните 24 часа.

  • Ракомет 19.04.2014 21:09

    Кил сепак пресилен за Металург

    Германскиот гигант заврши повеќе од половина од меѓународната задача Металург во четвртфиналето на Лигата на шампионите. 31-21 е резултатот за убедлив триумф најавен уште од првите секунди со беспрекорна реализација и гранитна одбрамбена зона 6-0 и   препознатлив  висик ритам на игра.

  • Фудбал 19.04.2014 21:02

    Дербито на Автокоманда одложено, четири гостински победи во 28 коло

    Дерби натпреварот од  28 коло меѓу екипите на Металург и Вардар е одложено поради обилниот дожд кој го преплави теренот на Автокоманда, и согласно пропозициите е презакажано за утре. На табелата во водство се зацврсти екипата на Работнички, која со четвртата победа во серија сега има 53 бода.

  • Тенис 19.04.2014 17:49

    Швајцарско финале во Монте Карло!

    Во 108 - годишната историја на тенискиот турнир во Монте Карло првпат за драгоцениот трофеј којшто вреди 1000 бодови ќе играат двајца Швајцарски, Роџер Федерер и Станислас Вавринка.

  • Фудбал 19.04.2014 16:19

    Натпреварот Металург-Вардар е откажан

    Дербито на 28 коло од Првата македонска фудбалска лига меѓу Металург и Вардар не се игра. Причината е натопениот со вода терен на  Железарница.

  • Датсјук го замолкна Бостон

    Со голот на Павел Датсјук во последната третина, Детроиг го совлада Бостон на гостински мраз и поведе со 1-0 во серијата од првото коло во разигрувањето во канадско – американската професионална хокејарска лига.

  • Фудбал 19.04.2014 15:04

    Ѕоф верува во потенцијалот на Јуве

    Легендата на италијанскиот фудбал Дино Ѕоф смета дека сегашниот состав на Јувентус е еден од најсилните во клупската историја. Освојувачот на Светското првенство во 1982-ра верува дека „бјанконерите“ ќе имаат забележителни настапи и во Лигата на шампионите во претстојните сезони.

  • Фудбал 19.04.2014 14:50

    Клоп е среќен во Борусија

    Со оглед дека Барселона минува низ слаба сезона според клупските критериуми, се повеќе се засилуваат шпекулациите дека Герардо Мартино ќе добие отказ, а веќе се лицитира и со можните наследници. Желба на навивачите е на „Ноу камп“ да дојде Јирген Клоп.

  • Фудбал 19.04.2014 12:21

    Вжештувањето најсилно на Железарница

    Неизвесната трка за титулата во фудбалското првенство на Македонија денеска продолжува. 28-то коло ќе го отворат Металург и Вардар еден час пред другите партиципенти. Во шампионатот со многу непознати во себе, тие се дел од квинтетот  со највисоките резултатски цели пред себе.

  • Формула 1 19.04.2014 10:18

    Продолжува хегемонијата на Германците

    Ништо ново на истокот. Мерцедес и натаму доминира, на стартот на новата Формула 1 сезона. 4 трки – 4 пол позиции, Луис Хамилтон во Шангај ја освои третата сезонава, вкупно 34-та во неговата кариера. Британецот беше најбрз во квалификациите во Кина и минатата година.
     

Pages