Жртви во напад со мачета во две цркви во шпанскиот град Aлхесирас. Еден свештеник е повреден, а животот го загуби лице кое го одржувало верскиот храм.
-
Свет 26.01.2023 09:38
-
Свет 26.01.2023 09:30
Зеленски од Запад бара ракети и авиони
По германските и американските тенкови, украинскиот претседател Зеленски бара ракети со долг дострел и воени авиони. Иста форма на помош најави и Норвешка. За Москва, снабдувањето на Киев е опасна провокација.
-
Свет 26.01.2023 09:13
Лајчак: Страната што ќе го одбие предлогот ќе ја загуби поддршката
Специјалниот пратеник на Европската унија за дијалог меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак во посета на Приштина. Неизвесно е дали ќе оствари средба со премиерот Албин Курти.
-
Свет 25.01.2023 22:55
Почна расправата за недоверба на Владата на Мицотакис
Почна расправата во грчкиот парламент за барањето за изгласување недоверба на Владата на премиерот Мицотакис по аферата со телефонско следење.
-
Свет 25.01.2023 20:32
Две лица убиени во напад со нож во воз
Маж со нож усмрти две лица во воз во северна Германија. Инцидентот се случил пред возот да пристигне на железничката станица во Брокштед. Возот патувал на релација Кил-Хамбург.
Мотивот на нападот во кој се повредени уште пет лица не е познат. Напаѓачот е уапсен.
-
Свет 25.01.2023 14:50
Серија торнада на југот од САД, снег во пустински области во Алжир
Серија торнада го опустошија југот на САД. Нема повредени лица, но е предизвикана огромна штета на електродистрибутивниот систем на Пасадена, Хјустон. Над 100 илјади жители на Тексас останаа без струја во последните 24 часа.
-
Свет 25.01.2023 13:46
Пјонгјанг затворен пет дена поради неодредено распираторно заболување
Властите во главниот град на Северна Кореја наредија петдневено целосно затворање поради зголемување на случаите на неодредено респираторно заболување.
-
Свет 25.01.2023 12:32
Украина добива оружје од западот, Русија се спрема за нов бран агресија
Вооружувањето на Украина добива нов тек. Американската администрација ќе испрати 30 тенкови „Абрамс“ во Киев. Оклопните возила ќе се купат според претстојниот пакет на Иницијативата за безбедносна помош.
-
Свет 25.01.2023 11:51
ЕК: Со нов план да се зголемат депортациите на илегалните мигранти
Европската Комисија предложи мигрантите кои немаат право на престој да бидат вратени во нивните земји на потекло. Новата стратегија треба да биде усвоена во петок, а главно вклучува поголема соработка меѓу земјите-членки на ЕУ и Фронтекс.
-
Свет 25.01.2023 10:04
Потона товарен брод во Кинеско Море, се трага по членови на екипажот
Јапонската и јужнокорејската крајбрежна стража трагаат по осум членови на екипажот на товарниот брод што во текот на ноќта потона во Кинеското Море југозападно од Јапонија.










