По извршените полициски истраги, утврдено е дека дојавите за поставени бомби на повеќе локации во Белград се лажни-соопштија од српското Министерство за внатрешни работи.
-
Свет 31.10.2022 17:54
-
Свет 31.10.2022 16:28
Дојави за поставени 50 бомби на повеќе локации во Белград
На електронските адреси на редакциите на неколку српски медиуми пристигнале дојави за над 50 поставени бомби.
-
Свет 31.10.2022 14:35
Русија ракетираше инфраструктурни објекти во Украина, делови од Киев без струја
Русија ги обнови ракетните напади врз клучни инфраструктурни објекти во поголемите украински градови, вклучително и престолнината Киев. Експлозиите предизвикаа прекин на електрична енергија и водоснабдувањето.
-
Свет 31.10.2022 14:19
Продолжуваат консултациите за доделување мандат за состав на нова влада во Бугарија
Бугарскиот претседател Радев ја повика на консултации второпласираната партија на изборите на екс-премиерот Кирил Петков, „Продолжуваме со промените“. По консултациите за можното доделување на мандатот за состав на влада, за која ГЕРБ на Борисов нема доволно поддршка во Собранието.
-
Свет 31.10.2022 12:23
Победа на Да Силва на претседателските избори во Бразил
Луиз Инасио Лула да Силва направи голем политички камбек откако го победи досегашниот лидер, Жаир Болсонаро, во вториот круг на претседателските избори во Бразил. Лула освои 50,9% гласови.
-
Свет 31.10.2022 11:27
Јужнокорејските истражители во потрага по одговори за смртоносната забава во Сеул
Јужнокорејските истражители денеска почнаа да ги прегледуваат снимките од повеќе од 50 државни и приватни безбедносни камери и социјалните мрежи во потрага по одговори за смртоносната забава на Ноќта на вештерките.
-
Свет 31.10.2022 10:10
САД планираат да распоредат бомбардери Б-52 во Австралија, тврди извор
Во услови на зголемени тензии со Кина, САД планираат да распоредат до шест бомбардери Б-52 што можат да носат нуклеарно оружје во воздухопловна база во северна Австралија.
-
Свет 31.10.2022 09:47
Делови од Киев без струја и вода по рускиот напад
Неколку експлозии се слушнале утрово во Киев. Според советникот на претседателот Зеленски во градот одекнале најмалку три експлозии, а 40 крстосувачки ракети биле истрелани кон Украина.
-
Свет 31.10.2022 09:41
Најмалку 98 жртви во тропската бура „Налга“ на Филипини
Најмалку 98 лица загинаа во тропската бура „Налга“ на Филипините. Повеќе од половина смртни случаи се главно поради свлечишта предизвикани од дождот.
Штетата на инфраструктурата поради обилните дождови и силните ветрови, проценета е на 13 милиони долари.
-
Свет 31.10.2022 09:33
Се урна висечки мост во Индија, над 130 жртви
Бројот на загинати при уривањето на висечки мостот во Индија, на река во западната индиска држава Гуџарат, се зголеми на 132 лица, а многумина се повредени.
Според последните информации на тамошните власти, не се знае точниот број на луѓе кои паднале во реката Мачи.










