Се проширува воениот фронт во Украина. Жртви во гранатирање во Харков, артилериски оган и околу Херсон. Украинските сили ракетираат траекти на непријателот на југот, а Русија ги интензивира напорите на западниот брег на Дњепар.
-
Свет 30.08.2022 12:57
-
Свет 30.08.2022 12:26
10 милијарди долари за штетите од поплавите во Пакистан
Една третина од Пакистан е под вода. За санирање на штетите од поплавите и за обнова на инфраструктурата ќе бидат потребни над 10 милијарди долари.
-
Свет 30.08.2022 11:38
Москва: Украина го гранатира подрачјето околу нуклеарната централа
Руските воено-цивилни власти во украинскиот град Енергодар ги обвинија украинските трупи за повторно гранатирање на подрачјето околу нуклеарната централа на Запорожје. Две гранати експлодирале во близина на складиште за истрошено гориво во фабриката.
-
Свет 30.08.2022 11:05
Пукање во супермаркет во Орегон, има мртви
Најмалку три лица се убиени во пукање во супермаркет во трговски центар во американската сојузна држава Орегон. Меѓу нив е и напаѓачот, но тој не беше застрелан од полицијата. Пукањето почнало уште на паркингот пред објектот.
-
Свет 30.08.2022 10:48
Жртви во немирите во Багдад
Над 10 лица загинаа, а речиси 300 се ранети во Зелената зона во Багдад откако стотици приврзаници на влијателниот шиитски свештеник Муктада ал-Садр упаднаа во владините згради. Воведен е и полициски час поради ескалирањето на тензиите со противничките шиитски групи, кои се поддржани од Иран.
-
Свет 30.08.2022 10:04
Вучиќ: Се води војна меѓу Истокот и Западот преку посредници
„Србија е сцената на која преку посредници се води војна меѓу Истокот и Западот“, изјави претседателот Александар Вучиќ, ден откако противниците на парадата на гордоста вееја руски знамиња низ улиците на Белград и носеа слики од рускиот претседател Владимир Пути
-
Свет 30.08.2022 08:36
Повеќе од 1.100 жртви во поплавите во Пакистан
Уште 75 лица загинаа како последица на поплавите во Пакистан во изминатите 24 часа, со што бројот на загинати се искачи на 1.138 од почетокот на обилните монсунски дождови во таа земја, соопштија денеска пакистанските власти.
-
Свет 29.08.2022 17:24
Артемида не полета, НАСА го одложи лансирањето
Светот ќе почека уште неколку дена пред да биде лансирана ракета што првпат по 50 години ќе може да носи и луѓе од и до месечината. Според инженерите на НАСА проблемот со еден од моторите го одложи лансирањето за најдоцна до петти септември.
-
Свет 29.08.2022 14:54
Шолц се залага за проширување на ЕУ
Германскиот канцелар Олаф Шолц, говорејќи на предавање за иднината на Европа во Прага се заложи за проширување на Европската унија.
-
Свет 29.08.2022 12:42
Меѓународни експерти во Запорожје, нападите продолжуваат
Тим на Меѓународната агенција за атомска енергија во посета на Запорожје. Неделава ќе изврши инспекција во нуклеарната централа која е под контрола на руските сили. Најголемиот атомски комплекс во Европа беше цел на чести напади, за што Русија и Украина меѓусебно се обвинуваа.








