ЕУ и САД продолжуваат со мисијата за решавање на спорот меѓу Белград и Приштина. Косовската опозиција на средба со специјалниот пратеник на Европската унија за дијалогот Лајчак, американскиот пратеник за Западен Балкан, Ескобар и амбасадорот на САД во Косово, Ховениер.
-
Свет 24.08.2022 15:17
-
Свет 24.08.2022 14:41
Робот служи храна во ресторан во САД
Робот помага во ресторан во Мисури кога има недостиг од персонал. Бидејќи побарувачката расте по пандемијата, некои сопственици на ресторани се свртуваат кон необичен извор за да му помогнат на својот персонал.
-
Свет 24.08.2022 13:08
Кина го лансираше сателитот Чуангксин-16 во вселената
Кина успешно лансираше нов сателит во вселената од југозападната провинција Сечуан. Сателитот Чуангксин-16, развиен од Кинеската академија на науките успешно влезе во планираната орбита.
Сателитот главно ќе се користи за научни експерименти и верификација на нови технологии.
-
Свет 24.08.2022 13:08
УНИЦЕФ: Поради сушата, на милиони деца во Африка им се заканува смрт
Поради сушата, на милиони деца во Африка им се заканува смртта, предупредува УНИЦЕФ. Детскиот фонд при Обединетите нации предупреди дека голем број може да настрадаат поради неухранетост и ризик од болести кои се пренесуваат преку вода.
-
Свет 24.08.2022 13:07
Уставниот суд го суспендираше премиерот на Тајланд
По петицијата поднесена од најголемата опозициска партија, тајландскиот Уставен суд го суспендираше премиерот Прајут Чан-оча од службените должности, поради преиспитување на неговиот законски мандатен рок од осум години.
-
Свет 24.08.2022 13:06
Демонстрации во Багдад
Следбениците на ирачкиот свештеник Муктада ал-Садр организираа демонстрации пред Врховниот судски совет во Багдад, бараат распуштање на парламентот.
-
Свет 24.08.2022 13:06
Патници со часови останале заробени во тунелот под Ла Манш
Десетици луѓе вчеравечер со часови останаа заглавени во тунелот под Ла Манш откако воз од Кале до Фолкстоун се расипал. Патниците се евакуирале преку тунел за итни ситуации.
-
Свет 24.08.2022 12:28
Ден на независноста и 6 месеци од руската инвазија
Во период на руска агресија, Украина прославува 31 година од независноста. Се поклопува со шест месечнината од почетокот руската инвазија на Украина на 24 февруари. Илјадници луѓе беа убиени, а милиони беа раселени ширум светот.
-
Свет 24.08.2022 09:49
Зеленски: Ќе го вратиме Крим
Украинскиот претседател Зеленски вети дека Украина ќе го врати анектираниот полуостров Крим од Русија. Нагласи дека Киев нема да се консултира со други земји пред да го стори тоа.
За време на кримската платформа, годишен форум организиран од Киев го честиташе Денот на независноста.
-
Свет 23.08.2022 16:02
Ескобар и Лајчак во Приштина и Белград
По фијаското во Брисел, ЕУ и САД во нов посреднички обид за решавање на спорот меѓу Србија и Косово. Специјалниот американски пратеник за Западен Балкан денеска Ескобар и специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Лајчак во посета на Приштина.










