Официјален Сеул тврди дека Пјонгјанг е подготвен за нова нуклеарна проба. Јужна Кореја и САД се обидуваат да и извршат притисок на севернокорејската Влада за да запре со тестирањата кои, според западните земји, ќе доведат до создавање на нуклеарно оружје.
-
Свет 14.06.2022 10:21
-
Свет 14.06.2022 10:19
ЕУ и САД со критика до Британија поради планираното менување на договорот
Германскиот канцелар Шолц ја критикуваше планираната еднострана измена од британската Влада на Протоколот за Северна Ирска во договорот за Брегзит.
САД ги повикаа Брисел и Лондон да се вратат на дијалогот за едно од најспорните прашања.
-
Свет 14.06.2022 10:19
Руските сили напредуваат во Северодоњецк
Руските сили напредуваат во Северодоњецк. Киев тврди – уништени се сите мостови со што е оневозможена евакуацијата на населението и доставата на помош.
-
Свет 13.06.2022 21:47
Петков: Мафијата не може да оди против цела држава
Турбуленциите на бугарската политичка сцена не запираат. Неколкумина пратеници си заминаа од партијата на Слави Трифонов, „Има таков народ“, откако беше напуштена владината коалиција поради прашањето со Македонија и повлечени министрите од оваа партија.
-
Свет 13.06.2022 19:34
Руски суд ја казни Википедија за „ширење дезинформации“
Московскиот суд ја казни Википедија со 88.000 американски долари, затоа што одби да го отстрани од написите на руски јазик она што Русија го смета за дезинформација. Меѓу нив се „Руската инвазија на Украина“, „Воени злосторства за време на руската инвазија на Украина“ и „Масакрот во Буча“.
-
Свет 13.06.2022 19:02
Столтенберг: Шведска ја менува својата антитерористичка легислатива
Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Шведска презела важни чекори за исполнување на барањата на Турција за одобрување на членството на Стокхолм во Алијансата.
-
Свет 13.06.2022 17:15
Пекинг тестира милиони поради заразени со коронавирус во бар
Пекинг тестира милиони луѓе поради неколкумина заразени со коронавирус во бар, познат по евтин алкохол. Масовно тестирање се спроведува и во поголемиот дел од Шангај, откако минатата недела беа пријавени три локални инфекции меѓу работниците во салон за убавина.
-
Свет 13.06.2022 16:57
Германија воведе гранични контроли поради Самитот на Г-7
Поради безбедно одржување на Самитот на Г-7 од 26-ти до 28-ми јуни, во дворецот Елмау на Баварските Алпи, Германија воведува привремена гранични контроли.
Безбедносните проверки ќе се вршат на копнените, воздушните и поморските премини до 3-ти јули.
-
Свет 13.06.2022 16:46
Шумски пожари беснеат во САД
Големи шумски пожари беснеат во САД.
Евакуации се во тек во делови од Северна Аризона, откако шумски пожар зафати 5.000 хектари шума. Загрозени се домови во близина на Лос Анџелес и северно до Сан Диего.
Над 500 луѓе се евакуирани поради опасност од ширење на пламените јазици.
-
Свет 13.06.2022 16:45
Топлотен бран во Шпанија, прогласена портокалова фаза
Шпанија го доживува најраниот топлотен бран во последните 40 години. 32 шпански провинции се во состојба на готовност поради екстремно високи температури до 43 степени. Во многу делови од земјата е прогласена портокалова фаза.










