Турција да се воздржи од провокации кон Грција, порача германскиот канцелар Олаф Шолц. Поради актуелната ситуација, неопходно е сите сојузници на НАТО да бидат обединети и да се воздржат од меѓусебни провокации, смета канцеларот.
-
Свет 01.06.2022 18:14
-
Свет 01.06.2022 13:19
Нема најави за прекин на воените дејствија
САД ќе и испорача на Украина напредни ракетни системи кои можат со прецизност да гаѓаат цели до 70 километри. Се очекува да бидат распоредени во регионот на Донбас, каде што се водат најжестоките битки со руските сили.
-
Свет 01.06.2022 12:29
СЗО: Летните забави и концерти би можеле да резултираат со ширење на мајмунските сипаници
Ризикот од натамошно ширење на Мајмунските сипаници во Европа и на други места ова лето е голем, соопшти регионалниот директор на СЗО за Европа, Клуге.
-
Свет 01.06.2022 12:26
Најмалку 11 загинати во налетот на ураганот Агата во јужниот дел на Мексико
Најмалку 11 лица загина во налетот на ураганот „Агата“ што го зафати тихоокеанското крајбрежје на Мексико. Невообичаено силното невреме го одбележа првиот ураган оваа сезона, со интензивни дождови што предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето.
-
Свет 01.06.2022 10:31
Данска на референдум ќе ја преоценува својата безбедносна политика
Данците денеска на референдум ќе се изјаснуваат за укинување на 30-годишното изземање од одбранбената и безбедносната политика на ЕУ.
-
Свет 01.06.2022 10:02
Од денеска во Грција без маски во затворен простор
Од денеска во Грција се укинува задолжителната маска во затворените простори, што воедно беше и последната и единствена ковид мерка во земјата, откако на почетокот на мај беа укинати голем дел од рестрикциите, со што летото ќе биде целосно слободно и без никакви ограничувања.
-
Свет 01.06.2022 09:54
Војската тврди дека извршила проверка на борбената готовност
Кинеската војска соопшти дека извршила проверка на борбената готовност во морето и воздушниот простор, извршена деновиве, околу островот Тајван, што Кина го смета за нејзина територија.
-
Свет 01.06.2022 09:54
Протести во Истанбул: „Ердоган ќе си замине“
Турската полиција се судри со демонстрантите во близина на главниот плоштад во Истанбул, Таксим, по повод годишнината од антивладините демонстрации пред девет години и приведе 170 лица.
-
Свет 01.06.2022 09:52
Петреус: Можно е над 20.000 руски војници да се убиени во Украина
Можно е над 20.000 руски војници да се убиени за време на конфликтот во Украина, изјави пензионираниот американски генерал Дејвид Петреус.
Тоа, според него, е многу повеќе од загубата во деветте години во Авганистан. На 25 март, русите тврдат дека загубиле околу 1.350 војници.
-
Свет 01.06.2022 09:51
Зеленски: Не планираме да ја нападнеме Русија
Киев не планира да ја нападне територијата на Русија, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.










