„Западот е обединет и во санкциите и во зголемувањето на помошта за Украина“, изјави денеска американскиот државен секретар Ентони Блинкен.
-
Свет 09.03.2022 18:31
-
Свет 09.03.2022 17:51
Се откажува задолжителната вакцинација во Австрија
Австриската влада реши да се откаже од Законот за задолжителна вакцинација само еден месец откако контроверзниот закон стапи на сила.
-
Свет 09.03.2022 16:53
Австралија: Вонредна состојба поради поплавите
Австралија прогласи национална вонредна состојба, по катастрофалните поплави долж источниот брег. Одредени се зони во градовите поплавени од надојдените реки. Евакуирани се илјадници жители.
-
Свет 09.03.2022 15:41
Еднодневно примирје за да се евакуира населението од Мариупол и Ирпин
Објавен е нов прекин на огнот и отворање хуманитарни коридори за безбедно извлекување на цивилите од градовите под оган. Украинската вицепремиерка Верешчук ја повика Русија да ги исполни своите ветувања.
-
Свет 09.03.2022 13:18
Москва најавува одговор на санкциите на западот
Поради големите тензии со Русија, ЕУ сака што побрзо да стане независна од руските енергенси. Комисијата претстави план со мерки за намалување на увозот на руски гас за две третини во рок од една година, како и елиминирање на потребата од руска нафта пред 2030 година.
-
Свет 09.03.2022 10:13
Средба во Турција, надеж за окончување на војната
Сирени изутрината одекнаа низ празните улици на Киев. Повторно се слушаат експлозии во градот и околината. Серија детонации и во текот на ноќта. Пријавени се цивилни жртви во градот Суми. Втора недела борбите не престануваат. Претседателот Зеленски побара да се седне на преговарачка маса.
-
Свет 08.03.2022 21:54
Борел: ЕУ нема да забрани увоз на енергија од Русија
Европската унија нема да забрани увоз на енергија од Русија, изјави високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел.
Тој додаде дека ЕУ „постојано“ бара алтернативни извори на гас бидејќи е убедена дека има „партнер на кој не може да смета“.
-
Свет 08.03.2022 19:59
Мекдоналдс привремено затвора 850 ресторани во Русија
Американскиот синџир ресторани за брза храна Мекдоналдс денеска соопшти дека привремено затвора 850 ресторани во Русија поради руската воена операција во Украина. Компанијата наведе дека ќе продолжи да ги плаќа 62.000 вработени во Русија.
-
Свет 08.03.2022 19:17
Раст на цената на нафтата по одлуката на Бајден
Цените на нафтата, по одлуката на американскиот претседател Џо Бајден да забрани увоз на руска нафта, забележаа раст.
Барел американска лесна нафта денеска се тргуваше за 127,21 долари, што е зголемување за 7,91 долари во споредба со вчера.
-
Свет 08.03.2022 19:09
САД: Целосна забрана на увоз на енергенси од Русија
Целосна забрана за рускиот гас, нафта и јаглен – објави американскиот претседател Џо Бајден, како одговор на руската агресија во Украина. Доби силна поддршка и од Конгресот.










