Израелските воздушни сили нападнаа позиции на Хамас во Газа, по ранувањето на пет израелски војници од оперативци на групата кои излегле од тунел во Рафах.
Израел тврди дека Хамас го прекршил примирјето, додека милитантите ги осудуваат нападите.
Израелските воздушни сили нападнаа позиции на Хамас во Газа, по ранувањето на пет израелски војници од оперативци на групата кои излегле од тунел во Рафах.
Израел тврди дека Хамас го прекршил примирјето, додека милитантите ги осудуваат нападите.
Земјотрес со јачина од 6,4 степени го погоди кинескиот регион Јужен Синџијанг, во близина на границата со Киргистан, објави Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Земјотресот се случил утрово во 7:44 часот на длабочина од 10 километри.
САД и Украина повторно на маса во Флорида. По средбата со Путин во Москва, американскиот специјален претставник Виткоф ги продолжува разговорите со украинскиот шеф за безбедност Умеров во Мајами. Во фокусот – ревидираниот мировен план и територијалните прашања во обид да се оконча војната.
Во Флорида, продолжуваат дипломатските напори за ставање крај на војната во Украина. Американскиот специјален претставник Виткоф на средба со украинскиот шеф за безбедност Умеров во Мајами, по петчасовните разговори со Путин во Москва.
Петчасовните разговори во Москва меѓу претставниците на САД и рускиот претседател Путин за мировниот предлог на Трамп за Украина завршија без конкретен напредок. Од Кремљ велат дека останува уште многу работа.
Австралија следната недела ќе воведе старосна граница од 16 години за користење на социјалните мрежи. Платформите ќе се соочат со казни од 33 милиони долари од 10-ти декември ако не преземат чекори за отстранување на профилите на децата помлади од 16 години.
Австралија следната недела ќе воведе старосна граница од 16 години за користење на социјалните мрежи. Платформите ќе се соочат со казни 33 милиони долари од 10 декември ако не преземат чекори за отстранување на сметки на австралиски деца помлади од 16 години.
Бугарските пратеници го отфрлија предлогот на претседателот за одржување референдум со прашањето – „Дали се согласувате Бугарија да ја воведе единствената европска валута, еврото, во 2026 година“.
Првата голема снежна бура оваа зима пристигна во североисточниот дел на САД. Бурата донесе ветер и мраз.
Претседателот на САД, го одржа својот последен состанок на кабинетот за оваа година. Меѓу другото, се осврна на нападот врз брод на почетокот на септември за кој се тврди дека носел дрога во Карипското Море.