Довербата во вакцините против Ковид-19 расте ширум светот и се повеќе луѓе се подготвени да ја примат, а истовремено се намалуваат стравувањата од несакани ефекти, покажуваат резултатите од студија спроведена во 14 земји.
-
Свет 05.03.2021 12:34
-
Свет 04.03.2021 11:33
Германија ги продолжува мерките за затворање
Германија ги продолжува мерките за затворање до 28-ми март со многу опции во зависност од епидемиолошката состојба. Делумно олабавување има во делот со приватните контакти.
-
Свет 04.03.2021 10:42
Рекоредн број заразени со Ковид-19 во Чешка
Додека глобалната бројка новозаразени со коронавирус е во пад шеста недела по ред, Чешка бележи рекорден број заразени. По појавата на британски сој, болниците работат со пополнет капацитет.
-
Свет 04.03.2021 10:20
Капитол Хил под силно полициско обезбедување
По добиените разузнавачки информации што укажуваат на можен напад од страна на милитантна група на 4-ти март, Капитол Хил е под силно полициско обезбедување. Во соопштението на американската полиција организацијата не е именувана, но се работи за „идентификувана група“.
-
Свет 03.03.2021 15:49
Нема жртви во земјотресот во Лариса, причинета е материјална штета
По земјотресот од шест степени по Рихтер што ја погоди Лариса во централна Грција, луѓето ги преполнија плоштадите и улиците низ градот, каде што се чувствуваат најбезбедно. Вработените ги напуштија работните простории, а учениците беа евекуирани во училишните дворови.
-
Свет 03.03.2021 13:01
Нови мутации на Ковид- 19 во регионот
Сосотојбата со заболените со тешки компликации поради Ковид-19 во Словачка станува драматична. Лекарите и медицинските сестри се борат за нивните животи на одделенијата за интензивна нега. Состојбата е особено тешка во западниот дел од земјата.
-
Свет 03.03.2021 10:55
Во Бразил рекорден број жртви од Ковид-19 во еден ден
Во Бразил во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале 1.641 лице, што е рекорден број смртни случаи регистрирани во земјата за еден ден, покажуваат податоците на локалното Министерство за здравство.
-
Свет 03.03.2021 09:40
Бајден: До крајот на мај во САД ќе има вакцини за сите
Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека САД ќе имаат доволно вакцини за секој возрасен до крајот на мај, два месеци порано отколку што претходно проценуваше администрацијата.
-
Свет 02.03.2021 12:59
Министерски состанок на АСЕАН за Мјанмар
Министрите за надворешни работи на Здружението на нации од Југоисточна Азија на специјален состанок за Мјанмар.
-
Свет 02.03.2021 12:04
Ослободени стотици киднапирани ученички во Нигерија
Стотици ученички киднапирани од интернати во северозападна Нигерија биле ослободени и се наоѓаат во просториите на владата на нигериската држава Замфара.









