Во изминатите 24 часа во САД е регистриран рекорден број на смртни случаи од коронавирус – 2.658, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.
Според Универзитетот, дневниот просек на починати во САД во овој период изнесува 1.531 лице.
Во изминатите 24 часа во САД е регистриран рекорден број на смртни случаи од коронавирус – 2.658, покажуваат податоците на Универзитетот Џон Хопкинс.
Според Универзитетот, дневниот просек на починати во САД во овој период изнесува 1.531 лице.
Русија денеска регистрира 28.145 нови случаи на коронавирусот, што е најголем дневен број од почетокот на пандемијата, со што вкупниот број на пациенти достигна 2.375.546.
Новоизбраниот американски претседател Џо Бајден го претсатви економскиот тим и вети помош за сите Американци притиснати од економската криза.
Обединетите нации соопштија дека поради пандемијата на коронавирусот бројот на луѓето во светот на коишто им е неопходна хуманитарна помош за да преживеат достигнал нови рекорди бидејќи е драматично зголемена екстремната сиромаштија.
Велика Британија е првата земја на светот која ја одобрила широката употреба на вакцината против Ковид-19, што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“. Според британскиот регулатор вакцината која обезбедува 95-процентна заштита од коронавирусот е безбедна за употреба.
Руската војска постави контролни пунктови на Лачинскиот коридор меѓу Ерменија и Нагорно-Карабах во рамките на мировничката мисија во која се следи спроведувањето на договорот за прекин на огнот во енклавата постигнат со Азербејџан.
Американската биотехнолошка компанија „Модерна“ бара итно одобрување од здравствените регулатори за својата вакцина за Ковид-19.
Полска и Унгарија се подготвени за нови предлози околу буџетот на ЕУ со што би се решил спорот за механизмот кој го условува пристапот до фондовите со владеењето на правото.
Интернет-шопингот во САД на „Црниот петок“ достигна ниво од девет милијарди долари, со оглед на тоа што американските потрошувачи се свртеа кон купување преку Интернет за време на пандемијата со ковид 19.
НАТО е пред одлука дали ќе се повлече од Авганистан или ќе остане. Ова ќе биде една од главните теми на онлајн- состанокот на министрите за надворешни работи на земјите- членки на Алијансата.